ПРИРАЧНИК ЗА ВОЗЕЊЕ
Земете заштитна кацига за Ваша безбедност
Возачот на е-тротинетот мора да носи заштитна кацига на главата додека го управува возилото. Од првото затемнување па се до првото зазорување, исто така и во услови на намалена видливост, возачот има обврска да носи и рефлектирачки елек додека го вози возилото.
Достапност на е-тротинетот
Спуштете ја нашата апликација и проверете каде најблиску имате достапен е-тротинет. Доколку Ви треба итен превоз, користете ја опцијата да резервирате одреден е-тротинет.
Проверете го е-тротинетот
Направете брза проверка да видите дали е се во ред со е-тротинетот.
Скенирајте го QR кодот
Со скенирање на QR кодот, Вие го отклучувате возилото и возилото е достапно за понатамошно возење.
Возење на е-тротинетот
Сега може да го започнете возењето со притискање на рачката за гас. Возете полека и безбедно, бидете свесни за Вашата околина и почитувајте ги правилата на патот. (Линк од правилата)
Пауза
Доколку сакате да запрете, успорете и користете го копчето за пауза.
Паркирање на е-тротинетот
Паркирајте го возилото на место коешто е наменето за е-тротинети или на видливо место, но не го нарушувајте јавниот сообраќаен ред.
Сликајте го е-тротинетот преку апликацијата
Сликајте го возилото и Вашето возење е завршено.
Честитки, Вашето патување е завршено!
Правила за возачи на е-тротинети според нашиот закон
- Возачот на е-тротинет има обврска да го вози возилото на патека за велосипеди или велосипедска лента (не повеќе од 25 км/час)!
- Доколку возачот на е-тротинет треба да се премести на тротоар, пешачка патека или друга површина намената за движење на пешаците, тој има обврска да не вози побрзо од 6 км/час!
- Доколку двајца или повеќе возачи на е-тротинети се движат во група, тие имаат обврска да се движат/возат еден позади друг!
- Е-тротинетот може да биде управуван од личност којашто веќе има навршено 14 години!
- Возачот на е-тротинетот не смее да пренесува други луѓе додека го вози возилото!
- Возачот на е-тротинетот мора да носи заштитна кацига на главата додека управува со возилото!
- Возачот на е-тротинет, од првото затемнување до првото зазорување, исто така и во услови на намалена видливост, има обврска да носи рефлектирачки елек додека го вози возилото!
- Возачот на е-тротинетот не смее да вози/пренесува животни додека го вози возилото!
- Возачот на е-тротинетот има обрска да го управува возилото на начин на кој не ја намалува стабилноста на возилото и не ги попречува другите учесници во сообраќајот!
- Возачот на е-тротинетот може да се движи само на десната страна во правец на движење на автомобилите!