Најчесто поставувани прашања
Придружување на е-Еnjoy
- Започнување
Спуштете ја апликацијата на е-Enjoy и следете ги чекорите за придружување на e-Enjoy возниот парк успешно. Кога ќе станете член, може да започнете да ги користите нашите услуги.
- Имам проблем со приклучување на е-Enjoy на IOS/Android store
Ве молиме да креирате барање за поддршка преку апликацијата или пратете ни емаил на support@enjoyscooters.com
- Mожам ли да ги возам е-тротинетите ако имам помалку од 18 години?
Да, дозволената возраст за возење на е-Enjoy е-тротинетите е 14+, но со дозвола од родител.
- е-Еnjoy подлога
- Почеток на возење
По проверка на возилото, Вие треба да го скенирате QR кодот.
Забелешка: Кога завршува возењето, Ве молиме затворете ја апликацијата само со сликање на е-тротинетот. Ова е единствениот можен начин да го оставите возилотo и да ја затворите аплиакцијата!
- Како да го користам возилото
Возењето започнува кога го ставате едното стапало на основата и се одбивате од земја со другото стапало неколку пати. По стекнување на одредена брзина, го притискате забрзувачот близу десниот палец за да забрзате. Кога е потребно, притиснете на рачната сопирачка за да успорите.
- Неволји со возењето
- Зошто не можам да го започнам возењето?
Доколку ги користите нашите услуги за прв пат, Ве молиме да гo прочитате ‘’Придружување на e-Enjoy’’ делот на почеток на страницата. Кога ќе го лоцирате слободното возило, отклучете го со скенирање на QR кодот. Кога времето е нестабилно или надвор е темица, доколку не можете да го скенирате QR кодот, треба да влезете мануелно или да ја запалите сијаличката. Во случај да се соочите со друг вид на проблем, може да пријавите со испраќање емаил на support@enjoyscooters.com
- Зошто не можам да го завршам возењето
Сите е-Enjoy возења можат да бидат комплетни само со сликање на е-тротинетот. Во случај да станува збор за друг вид на проблем, Ве молиме контактирајте не на support@enjoyscooters.com
- Итни случаи/несреќи
Доколку се случи несреќа додека го возите е-тротинетот: уверете се дека Вие или некој друг којшто е вклучен во несреќата е безбеден. Повикајте ги локалните институции за итни случаи доколку е потребно. Кога ќе се осигурате дека другите лица се безбедни, Вие треба да пополните извештај со притискање на копчето + на мапата на Вашиот екран или да одберете ‘’Поддршка’’ на менито. Притиснете на ‘’Несреќи/Итни случаи’’ и продолжете со пополнување на потребните информации во формуларот. Ве молиме бидете што е можно подетални.
Доколку имате слики или видеа, испратете ги на support@enjoyscooters.com
- Безбедност
- Можам ли да го возам е-тротинетот доколку имам помалку од 18 години:
Да, дозволената возраст за возење на e-Enjoy е-тротинетите е 14+, но со дозвола од родител.
- Каде е дозволено да се вози и со која брзина?
Возачот на е-тротинетот има обврска да го вози возилот на велосипедска патека или лента (не повеќе од 25км/час)!
Забелешка:
Доколку возачот на е-тротинетот треба да се движи на тротоар, пешачка патека или друга површина наменетa за движење на пешаци, тој има обврска да не се движи побрзо од 6км/час!
- Дали треба да носам заштитна кацига и/или нешто дополнително?
Возачот на е-тротинетот мора да носи заштитна кацига на главата за време на управувањето со возилото!
Возачот на е-тротинетот, од првото затемнување до првото зазорување, како и во услови на намалена видливост, има обврска да носи рефлектирачки елек додека го вози е-тротинетот!
- е-Еnjoy договори за изнајмување и правила
Договор за изнајмување линк
Услови за користење линк
Политика на приватност линк
Правила за возачи на е-тротинети според нашиот закон линк
- Најчесто поставувани прашања и поддршка
Придружување на е-Enjoy – започнување;
e-Enjoy подлога – почеток и како да се користи возилото;
Неволји со возење – зошто не можам да го започнам или завршам возењето;
Несреќи и итни случаи – што да правам во случај на несреќа;
Безбедност – правила да се следат за време на возење;
e-Enjoy договори за изнајмување и правила.
За понатамошна помош и поддршка Ве молиме да ни испратите емаил на нашите маилови за поддршка и инфо
Емаил: