e-Enjoy Scooters

ПРИРАЧНИК ЗА ВОЗЕЊЕ

Правила за возачи на е-тротинети според нашиот закон

  • Возачот на е-тротинет има обврска да го вози возилото на патека за велосипеди или велосипедска лента (не повеќе од 25 км/час)!
  • Доколку возачот на е-тротинет треба да се премести на тротоар, пешачка патека или друга површина намената за движење на пешаците, тој има обврска да не вози побрзо од 6 км/час!
  • Доколку двајца или повеќе возачи на е-тротинети се движат во група, тие имаат обврска да се движат/возат еден позади друг!
  • Е-тротинетот може да биде управуван од личност којашто веќе има навршено 14 години!
  • Возачот на е-тротинетот не смее да пренесува други луѓе додека го вози возилото!
  • Возачот на е-тротинетот мора да носи заштитна кацига на главата додека управува со возилото!
  • Возачот на е-тротинет, од првото затемнување до првото зазорување, исто така и во услови на намалена видливост, има обврска да носи рефлектирачки елек додека го вози возилото!
  • Возачот на е-тротинетот не смее да вози/пренесува животни додека го вози возилото!
  • Возачот на е-тротинетот има обрска да го управува возилото на начин на кој не ја намалува стабилноста на возилото и не ги попречува другите учесници во сообраќајот!
  • Возачот на е-тротинетот може да се движи само на десната страна во правец на движење на автомобилите!