Корисници

Услугите може да ги користат сите оние кои достигнале возраст од 14 години. Со задоволство, ние постоиме за вас и ги задоволуваме вашите потреби.

Компании

Дали сакате да стигнете до Вашето работно место безбедно и навремено? Дали сакате да го избегнете сообраќајниот метеж? Дали сакате да придонесете во зачувување на животната средина? Ние ги исполнуваме сите Ваши потреби. Користејќи ги нашите услуги, Вие пристигнувате на работа навреме и безбедно, го избегнувате стресот барајќи паркинг место, и исто така директно учествувате во зачувување на животната средина. Во секое време може да одите на состаноци, да земете кафе и да се опуштите. е-Enjoy го почитува Вашето време и Ви дозволува да користите чисти, предвидливи и безбедни е-тротинети.

Студентски живот

е-Enjoy Ви го олеснува поврзувањето со пријателите, одењето на часови и пазарувањето. Овозможува погодност и поврзување во средини кадешто автомобилите се основното средство за транспорт. Е-тротинетите се идеални за сите студенти и возачи кои сеуште немаат возачка дозвола. Корисниците може да бидат студенти кои живеат во студентски домови и посетуваат редовно универзитет, како и студенти кои одат на работа.

Семејно поврзување

Најважната работа во општеството е да се одржат семејните вредности. е-Enjoy услугите не само што се достапни во секое време и се со поволна цена, туку исто така делуваат мотивирачки од генерација на генерација. Кога помладите членови ги пробуваат нашите услуги, тие се среќни да ги споделат своите искуства со постарите членови, кадешто постарите членови продолжуваат да ги користат е-Enjoy услугите со задоволство и страст.