Construction Company

За Нас

За Нас

Нашата мисија е да креираме доверба во транспортниот пазар.

Пред се, ние работиме за потрошувачите/корисниците и за општеството. Грижата за потрошувачите е секогаш на прво место и со тоа грижата за општеството и за негувањето на здравата животна средина.

Изнајмувањето на е-тротинетите постои за да реши дел од клучните предизвици во општеството, намалување на загадувањето на околината, а истовремено и обезбедува задоволни потрошувачи и чиста животна средина, за економична цена.

e-Enjoy е на мисија да го смени начинот на движење на луѓето и да ја одржи микромобилноста  што влијае на нашата заедница. Ние се стремиме да изградиме иднина во којашто сакаме сите да живееме.

Зад што стоиме

e-Enjoy e формирана за да направи промена, еколошка револуција којашто е подготвена да направи вистинска преобразба. Знаеме дека нешто треба да се промени и дека треба да се стремиме за таа промена. Ајде да ги мотивираме и поддржиме новите генерации коишто навистина сакаат да променат нешто. Ние сме тим кој се стреми да стекне доверба, ја сакаме природата, даваме многу енергија и труд и пред се, го сакаме тоа што го работиме. Ја сакаме оваа работа бидејќи е оддржлива, прави разлика, придонесува во општеството и навистина е забавна.